Викендот пораст на температурите

by valentina 07:59
07:59

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, од Африка, викендов во Македонија повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но нема да има екстремно високи температури. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури на воздухот веќе од недела повторно речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат до околу 37/38 степени.

Слични вести