Русија синоќа го нападна Киев, главниот град на Украина, со балистички ракети и беспилотни летала, што предизвика пожари во инфраструктурните објекти, објавија украинските власти.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека како резултат на рускиот напад на левиот брег на градот, дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода, пренесува „Униан“.
„Објектите на социјалната инфраструктура се префрлаат на автономно напојување“, забележа Кличко.
Според украинските власти, има информации за една жртва во областа Дњепар.
Tonight, Kyiv saw a “not seen recently” very high success rate for the Patriot air defense system. Around 75% of the Iskander-M ballistic missiles launched were intercepted. Approximately 8 ballistic missiless were used pic.twitter.com/uwXQsO4bKC
— VolgaLad (@cym27s) January 20, 2026
Покрај тоа, нестанбени згради беа погодени во округот Дњепарк. На друга локација, дронот се урна на отворена површина и таму горат автомобили, според украинската веб-страница.
Шефот на градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, објави дека избувнал пожар во магацин во округот Дњепарк.
Нападот се случил во време кога земјата се соочува со температури под нулата и продлабочување на енергетската криза, пишува The Kiev Independent.
За Киев, ова е најтешката зима од почетокот на војната, предизвикана од руските напади врз енергетските капацитети на градот.
На 14 јануари, претседателот Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор поради зголемените напади. Ситуацијата е влошена од долгогодишните проблеми со инфраструктурата, што доведе до хуманитарна криза во која жителите остануваат без греење, топла вода и електрична енергија.