(Видео) Запалена баскет подлогата на игралиштето во Радишани

by irena 08:35
08:35

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски синоќа информираше дека намерно била запалена баскет подлогата на игралиштето во Населба Радишани.

„Станува збор за едно од најубавите баскет игралишта во државата. Терен покриен со сертифицирана подлога за баскет од ФИБА“, посочи Костовски.

Тој додаде дека мала среќа било што чуварот на училиштето и совесни граѓани случајно виделе како гори подлогата.

„Огнот е изгаснат, а штетата не е преголема за среќа. Друго ништо не би кометирал, немам зборови“, рече градоначалникот.

Слични вести