(ВИДЕО) Возачи кои се „брзаат“ возат во спротивен правец без око да им трепне

by irena 13:26
13:26

Несовесни возачи низ Скопје воопшто не внимаваат дали ќе ја загрозат безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно во близина на училишта кога има голема фрекфенција на пешачи.

Неколкумина возачи со автомобили секојдневно возат во спротивен правец на улицата кон населбата Маџари точно пред средното училиште „Михајло Пупин“ за да ја претекнат големата колона на возила затоа што само нив им се брза.

Ниту возат со соодветна брзина, ниту запираат на пешачки премин, ниту намалуваат брзина кога од спротивната страна им доаѓа возило кое вози во својата лента, па за влакно се избегнуваат сообраќајни несреќи со поголеми последици.

О.К.

Слични вести