(ВИДЕО) Вардар се претвори во депонија на пластика: Запустен симболот опеан во стотици песни

by irena 11:49
11:49

Реката Вардар денеска наликува на пластична депонија и стотици пластични шишиња пливаат низ неа.

Кој ќе одговара за еколошката катастрофа на најголемата река во Македонија? Досега институциите не презеле истрага за вакво загадување и никој не одговорал за ова.

Кривичниот законик предвидува парични и затворски казни за загадувачите, но тука се работи за колективна одговорност на институциите и еколошка свест кај граѓаните.

Уништено корито, загадена вода, брани од градежни материјали среде тек наместо кеј, брегови од депонија. Ова е сликата за нашата најголема река Вардар, за нашиот симбол опеан во стотици народни песни, слика која се пресликува речиси во секој град низ кој минува нејзиното корито.

Ништо подобро не е ниту од Гостивар надолу се до Гевгелија: Вардар е валкан, токсичен и претворен во голема канализациска цевка во која завршуваат фекалиите од градовите, индустриските отпадни води, како и отпадот од крајно несовесни граѓани.

За жал, Вардар е бистар само кај својот извор Вруток над Гостивар, а веќе на следната точка на која се вршат мерења кај гостиварско Форино водата е високо загадена, односно спаѓа во води од четврта класа.

А, оние 90 километри низ Грција се целосна спротивност што таму реката станува почиста како што се приближува кон националниот парк делта Аксиос кој е еден од најзначајните локалитети со богат екосистем во Грција.

Тоа се должи на построгите законски регулативи, заштитата на реката и подобрата комунална инфраструктура со пречистителни станици.

Орце Костов

Слични вести