(ВИДЕО) Вардар кај тетовско Копанце преплавен со пластични шишиња

by irena 18:55
18:55

Попладнево, на локалните медиуми од Тетово, се појави видео кое покажува дека реката Вардар е преплавена со пластични шишиња кои слободно пливаат по текот на реката.

Стотици или илјадници пластични шишиња фрлени во реката Вардар, ситуацијата е забележана во близина на Копанце, пишува Тетово инфо на социјалните мрежи.

Ова ѓубриште ќе дојде до Скопје, каде Вардар, исто така е со натрупано ѓубре, кое и патките едвај го избегнуваат. Деновиве може да очекуваме само дополнително влошување на состојбата.

Слични вести