(ВИДЕО) Уапсен е скопјанец – саксии канабис откриени во стан во Аеродром

by irena 10:11
10:11

Во претрес во Скопје, полицијата пронајде насади со канабис, а уапсено е едно лице.

Според информациите на МВР, вчера во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В.(50) од Скопје.

При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн.

По документирање на случајот, против уапсениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични вести