(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман со кој предлага да се обезбедат 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

by irena 14:13
14:13

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе комисиски амандман за ребалансот на Буџетот, со кој се предлага обезбедување на средства во висина од една милијарда и дваесет милиони денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите лица во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во Кочани, како и за реновирање и набавка на неопходна медицинска опрема за Општата болница во Кочани.

„Во март се случи најголемата трагедија во историјата на нашата држава. Загинаа 62 млади животи, а над 200 лица беа повредени, од кои многу со трајни последици. Владата досега не инвестираше доволно за справување со последиците, а најголем дел од помошта стигна од граѓаните и општествено одговорни компании преку Црвениот крст и Сапорт Кочани“, рече пратеничката на СДСМ – Јована Тренчевска.

Таа додаде дека амандманот е одговор на секојдневните апели на семејствата на загинатите и на повредените, кои со месеци бараат поддршка и правда.

„Сведоци сме секојдневно на излегувањето низ улиците на Кочани на семејствата на загинатите. Сведоци сме секојдневно на барањето на помош и поддршка од настраданите и повредените од оваа трагедија, од овој пожар, и од тие причини сметаме дека овој амандман навистина ќе помогне и во справувањето со проблемите во болницата, и за обезбедување на средства за реновирање и за обезбедување на медицински материјал, меѓутоа и во оној дел што значи поддршка и помош на семејствата и на повредените од пожарот во Кочани“, рече Тренчевска.

Слични вести