189
Тежок инцидент се случи денеска во Штип по натпреварот на младинските екипи (генерација 2009-2010) на Брегалница и Шкупи од Чаир.
Како што јавуваат штипските медиуми до инцидентот дошло кога возрасна публика од Скопје влезе на теренот, а еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца млади фудбалери од домашната екипа
Неофицијално, две деца се тешко повредени, од кои едното има скршена нога, а другото повреди на главата.
Повеќе информации се очекуваат од МВР во текот на денот.