(ВИДЕО) Стојаноски: Пензионерите за една година добија 5.000 денари зголемување, во наредните осум месеци уште 2.000 денари

by irena 14:07
14:07

„Пензионерите за една година со ВМРО-ДПМНЕ добија 5000 денари зголемување, а во наредните 8 месеци уште 2000 денари. Над 300.000 пензионери ги чувствуваат промените, и што значи ВМРО-ДПМНЕ на власт, а што значи СДСМ. Со СДСМ пензионерите губеа 7 години, со ВМРО-ДПМНЕ добиваат“ рече денеска на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „Секој домашен буџет на пензионерите низ државата е побогат за 60.000 денари на годишно ниво“.

„Пензионерите се нашите највозрасни граѓани, тие кои ја граделе државата, и кои ни ја оставиле ние да ја развиваме и предадеме на идните поколенија. Тие ја заслужуваат нашата почит, посветеност и грижа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ од тие причини ќе изврши уште едно зголемување на пензиите и тоа за 1000 денари во октомври, и уште 1000 денари до година во април“ рече Стојаноски.

Слични вести