Фудбалерите на Црвена Звезда синоќа ја завршија мисијата оваа сезона во Лигата на Европа во осминафиналето, со пораз од 2:0 против Лил.
Иако црвено-белите ја имаа предноста што ја донесоа од Франција, тимот на Бруно Џенези беше подоминантен во реваншот и продолжи понатаму.

Многумина беа воодушевени од играта на голгетерот Оливие Жиру, кој го постигна првиот гол, а потоа учествуваше и во вториот.
Тој на 39-годишна возраст одигра беспрекорни 120 минути.
Тој ја искористи можноста да ги посети просториите меѓу соблекувалната на гостите и тунелот, па ги погледна сликите – на едната е фотографија од пеналот што го постигна Дарко Панчев во финалето на Купот на европските шампиони против Олимпик Марсеј, кога црвено-белите го освоија европскиот трон во 1991 година (Жиру е роден 1986 година).
– Олмета… Кој е број девет? Панчев? Југословенскиот напаѓач, го паметам – му рече Жиру.
View this post on Instagram