(Видео) Се огласи Симеон Михаилов: Ме осудија за да ми го земат бизнисот со казина

by valentina 09:49
09:49

Бегалецот Симеон Михаилов, кој во Македонија се бара за издржување на затворска казна од 12,6 години за обид за убиство и за насилство, се огласи на Фејсбук, изјавувајќи дека бил осуден во монтиран процес, бидејќи сакале да му го земат бизнисот.

Во обраќањето на бугарски јазик вели дека сакале да му го одземат успешниот бизнис кој го имал со казина, дека лажно бил обвинет за перење пари и подметнување на бомба, а вели и дека истражните органи го гонеле без докази.

Инаку Михаилов е осуден за обид за убиство на телохранителот на Сашо Мијалков, Драганчо Стоименов. Тој е татко на Ива Михаилова од кочани, на која и се суди за учество во сообраќајка со смртни последици.

Слични вести