(Видео) СДСМ: Нападнати се наши млади активисти за време на посетата на Мицкоски во Ново Село

by irena 22:52
22:52

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) соопшти дека за време на денешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Ново Село биле нападнати нивни млади активисти, кои, како што велат од партијата, мирно протестирале со транспарент поврзан со состојбата во Гостивар.

Од СДСМ тврдат дека група од десетина лица им се заканувала и физички ги нападнала активистите, а меѓу нив, според партијата, бил и возачот на градоначалникот на Ново Село.

„Наместо аргументи, власта испраќа закани и насилство. Кога нема резултати, се шири страв“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата побараа Министерството за внатрешни работи да ги идентификува и приведе сите учесници во инцидентот и случајот да биде целосно расчистен, без селективност.

Воедно, од СДСМ порачаа дека нивните млади активисти ја имаат целосната поддршка од партијата и дека, како што велат, „нема да бидат замолчени“.

Слични вести