(Видео) Протести низ Србија, упад и хаос пред просториите на СНС во Нови Сад

by irena 21:43
21:43

Протестите низ Србија вечерва ескалираа во Нови Сад, каде што се искршени сите стакла на просториите на Српската напредна странка (СНС) на Булеварот на ослободувањето. Група мажи, користејќи скали, столчиња и други предмети, провалија во просториите на партијата.

Атмосферата пред седиштето е хаотична. Демонстрантите фрлаат јајца кон објектот, а од внатре се изнесуваат предмети и опрема.

Акциите се одвиваат во Белград на три локации – кај Генералштабот, кај кружниот тек во Општина Нови Белград и на Автокоманда, како и во Нови Сад, Крагуевац, Горњи Милановац, Ваљево, Смедерево и повеќе од 20 други градови и општини.

Во Белград, стотици студенти и граѓани блокираа сообраќај на крстосницата, помеѓу владините згради и поранешниот Генералштаб. На коловозот се слушаа свирки и огласи од граѓаните, а полицијата беше распоредена на неколку локации околу седиштето на Српската напредна партија (СНС).

Слични вести