2,5K
Започна протестот на ССМ.
Работници од цела Македонија се собраа во центарот на Скопје за да протестираат за повисоки плати.
Бараат зголемување на минималната плата, но и на другите плати. Еден од транспарентите кој е највпечатлив е: Ако не ја качите минималната плата, доаѓаме по вашите 78 отсто!

Претседателот на ССМ претходно ги повика сите работници да го поддржат протестот, затоа што доколку работникот не покаже масовност, работодавачите и Владата ќе сметаат дека платите се задоволителни.

„Изговор да не протестираат имаат само газдите, не се плашете“ – порача претходно Трендафилов.