(ВИДЕО) Пред да тргнете на откуп, проверете ги влагата и чистотата на кутијата

by irena 13:30
13:30

Сезоната за откуп на тутунот носи зголемени обврски за производителите, а проверката на подготвените кутии е меѓу најважните. Влагата, класата на листовите и присуството на туѓи материјали се услови на кои треба да се внимава пред предавањето.

Ви препорачуваме да почнете од влагата. До 16 проценти нема одбиток. Над 16 до 20 проценти, вишокот се одбива од тежината. Тутун со над 20 проценти влага или тутун прскан со вода не се откупува.

Потоа проверете дали во секоја кутија има листови од иста берба и од иста класа. Ако се измешани различни берби и квалитет, целата кутија ќе биде проценета според најниската класа во неа.

Проверете ја и чистотата. Отстранете пластика, метал, конци, остатоци од ракавици, гума, пердуви, цветови, плевел, инсекти и стакло.

До предавањето, тутунот чувајте го во простории без мирис на горива, хемиски препарати или добиток. При пакувањето не употребувајте никакви хемиски средства за негово третирање.

СЕКЕ се грижи за вас и за квалитетот на вашата реколта. Пред да тргнете на откуп, посветете внимание на секоја кутија – во неа е спакуван вашиот целогодишен труд.

Слични вести