(ВИДЕО) Пожарот во сервис за автомобили кај Пинтија е подметнат – на камера е „фатен“ подметнувачот

by irena 09:33
09:33

Утринава нешто пред 4 часот кај населбата Пинтија, во авто-сервис сместен над Стаклара, во реонот Камник, изби масивен пожар што за кратко време проголта неколку возила и предизвика сериозна материјална штета.

На видеоснимка од безбедносна камера се гледа како засега непознат маж прескокнува ограда, носи со себе запалива течност, ги полева паркираните автомобили и ги потпалува. Потоа бега од местото на злосторството.

Интервенираше скопската Противпожарна служба, а пожарот бил локализиран пред 6 часот.

Покрај автомобилите, во пламенот биле зафатени и големи количини масло и други запаливи материјали, што го отежнало гаснењето и го зголемило ризикот за околните објекти.

Надлежните работат на расветлување на случајот.

Слични вести