(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

by irena 18:14
18:14

Од Центарот за управување со кризи информираат за два нови пожари кои избувнале попладнево. Првиот во валандовско, вториот во дојранско.

Пожар кај с. Марвинци, Валандово

Гори сува трева и ниска грмушка. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

Пожар кај с. Фурка, Дојран

Гори сува трева и ниска грмушка. На терен се излезени:

ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари

ДППД Дојран со едно противпожарно возило и тројца пожарникари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) процесуираше барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за воздушна поддршка при гаснење на пожарот. МВР ќе упати хеликоптер за интервенирање од воздух.

Слични вести