(ВИДЕО) Повторената набавка на автобуси поскапе за над милион евра, пари со кои можеа да се поправат климите на старите возила

by irena 11:03
11:03

Унгарската фирма „Електробус Икарус“ и австриската ЕВН се избрани и на вториот повик за набавката на 150 електрични автобуси, од кои 100 за Скопје, а 50 за останатите градови во Македонија.

Во дописот од Министерството стои дека „Икарус“ и ЕВН дале најниска цена од  3 .120 956 004 денари дез ДДВ или 50 милиони евра, односно 19 796 924 денари без ДДВ или 322 илјади евра по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ или по 30.000 евра по единица станица за полнење.

На електронската аукција била понудена цена од приближно 322.000 евра без ДДВ за еден автобус, додека една станица за полнење ќе чини околу 33.000 евра. На првиот тендер, кој подоцна беше поништен, цената на еден автобус од истиот производител изнесуваше околу 314.000 евра.

Тоа значи дека по пропаѓањето и повторувањето на постапката, истиот понудувач повторно го добива тендерот но сега со повисока цена по возило. Кај 150 автобуси, разликата од околу 8.000 евра по автобус би значела приближно 1,2 милиони евра повисока сума само за возилата, доколку се споредуваат објавените единечни цени од двете постапки.

Оваа сума ќе беше повеќе од доволна да се сервисираат кинеските и украинските автобуси, да им се поправат уредите за клима и да се закрпат седиштата или пак да се направи хемиско чистење на возилата.

Додека чекаат нови автобуси, патниците на летните горештини каде што во автобус се регистрира 45 степени целзиусови ќе се „варат“  и ќе прават промаја мафтајќи со листови и тефтери.

По склучување на договорот  најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:

-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот

– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот

-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.

На јавниот повик понуда доставиле четири фирми  – Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd,  – YES -EU DENMARK A/S YUTONG,  – BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi , – IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN. Рокот за жалба е 10 дена.

Ова е трет повик за набавка на нови автобуси. Најголем дел од нив ќе бидат за Скопје и неколку за други општини. Набавката на нови автобуси и процес кој трае веќе подолго време.

Првиот тендер беше поништен по службена должност од Државната комисија за жалби по јавни набавки. Поништувањето ја врати набавката на почеток и дополнително го одложи пристигнувањето на возилата, во период кога јавниот превоз во Скопје се соочува со недостиг од автобуси, доцнења и преполни линии.

Постапката сè уште не е целосно завршена. По изборот следува рок од десет дена за поднесување жалби, а договорот може да биде потпишан само доколку одлуката не биде оспорена или поништена.

О.К.

Слични вести