(ВИДЕО) Петрушевски: Заев и Филипче му предложиле на Жан Митрев да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка

by irena 12:25
12:25

„Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница. Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз д-р. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата. Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, „Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на д-р. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка“.

„Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат. Изјавите на д-р. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има“ рече Петрушевски.

Слични вести