(ВИДЕО) Пешевски: Не сме биле продуктивни, газдите се многу продуктивни со „поршиња“ и вили во Грција!

by irena 19:38
19:38

Иван Пешевски, на протестот најави дека секој ден ќе бидат пред Влада додека не ја постигнат целта, а тоа е зголемување на минималната плата на 600 евра, како и на сите останати плати за 100 евра.

Пешевски, упати порака дека сакаат да им се вреднува еднакво работата и трудот, како и дека сакаат достоинствена плата со која ќе се подобри животниот стандард, а не милостина како до сега.

„Велат не сме биле продуктивни, они се многу продуктивни со Мерцедеси, Поршиња и вили во Грција! Ќе блокираме институции и ќе донесеме одлука за генерален штрајк првпат во историја на Македонија во приватен сектор, па нека работат они на скеле, нека работат во текстилни фирми, нека сечат шуми, нека видат како му е 30 години на овој работник, доста е, време е да се разбудиме“, рече Пешевски.

Сара Танаскоска

 

Слични вести