(ВИДЕО) Новата 2026 година веќе ја дочекаа Кирибати, Самоа, Тонга и Нов Зеланд

by vlatko 14:41
14:41

Островската држава Кирибати, поточно островот Киритимати во архипелагот Лајн, прва во светот ја дочека Новата 2026 година, поради својата временска зона UTC+14.

Новата година во Кирибати настапи во 11:00 часот по македонско време, со што официјално започна глобалниот влез во 2026 година.

Островските држави Самоа и Тонга ја дочекаа Новата 2026 година во 12:00 часот по македонско време, согласно нивната временска зона UTC+13.

Новата година, со организирани огномети и јавни настани, ја дочека и Нов Зеланд, со што Пацификот прв во светот влезе во новата календарска година.

Во Окленд, најголемиот град во земјата и првиот поголем град што ја дочека 2026 година, беа осветлени главните знаменитости, а на кулата „Скај тауер“ беа проектирани фотографии од посебни моменти испратени од граѓаните во текот на 2025 година.

Главниот град Велингтон, исто така, организира огномет и музичка програма во центарот на градот.

Слични вести