211
Вицепремиерот Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео од изградбата на една од 14 -те галерии на автопатот Охрид-Кичево со што се стабилизираат косините.
„Најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево го решаваме со изградба на 14 галерии кои прв пат се изведуваат во Македонија и во регионот.
Буквално пробиваме планини, стабилизираме косини коишто се од 100 до 200 метри, вкупно решаваме 16 косини, нешто што прв пат се случува во Македонија, но и во регионот!” – објави вицепремиерот Николоски.