18
Дебарското спортско риболовно друштво „Трофта“ (Пастрмка) на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж застанува со комби возило на мост на реката Радика, од возилото вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла во реката.
„СРАМНО! Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре“, стои во објавата.
Несовесниот граѓанин без ни трошка грижа на совест ги фрла вреќите со ѓубре од мостот кај каменоломот во Косоврасти и си заминува, пренесува МИА.