(ВИДЕО) Манасиевски: Над 200.000 евра СДС преку Еразмус+ му додели на Горан Велковски, брат на екс пратеникот Диме Велковски

by irena 11:59
11:59

„Еразмус+ како приватна фондација на СДС, доделени 205 илјади евра преку грантови на брат на нивен пратеник. 83 илјади евра за дресура на магариња и 125 илјади евра за правење на сирење, СДС преку Еразмус+ доделија на братот на нивниот пратеник, Диме Велковски. Над 200 илјади евра по партиска линија, Заев и Димова преку Агенцијата Еразмус+ му доделија на Горан Велковски, брат на тогашниот пратеник Диме Велковски“ рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели „Прашањата кои останаа неодговорени се кој го одобрил проектот? Дали лицето одговорно за одобрување на проектите е лице блиско до Зоран Заев и СДС? Дали во Агенцијата се давале проекти исклучиво на блиски лица до СДС или пак нивни членови? Дали беа поминати сите процедури и дали можеби имало и други кандидати кои конкурирале за истиот проект, но не биле одбрани бидејќи не биле членови на СДС?“.

„Тоа што СДС го правеше во Агенцијата Еразмус+ беше еден од примерите како тие ја водеа државата. Работа и проекти имаше само за нивни членови, криминалот и корупцијата цветаа, додека одговорност немаше. Обвинителството треба да почне да се занимава со отворање на истраги за случаи за кои имаме индиции дека е сторен криминал. Доста е веќе криење и штитење. Правда мора да има!“ рече Манасиевски.

Слични вести