235
По денешното судење за кочанската трагедија, дел од родителите го споделија својот гнев и болка со јавноста.
Беа задоволни од воведниот говор на кочанскиот обвинител Борче Јанев, а разочарани од адвокатите кои се нафатиле да ги бранат обвинетите.
-Не посакувам на никој да е на наше место, да ја почувствува оваа болка со непроспиени ноќи и денови. Ги чекаме нашите деца секој момент да се појават и да кажат ,,Каде си ма мајче”? Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно ги убија нашите деца, а со тоа не убиваат и нас. Во име на парата и корупцијата, згаснаа млади животи, рече Светлана Стојанова.
Валентина Вурмо