(ВИДЕО) „Комуналец“ од Гостивар распишал набавка за 3,6 тони хлор еден ден пред да бидат земени примероци од водата за испитување

by irena 12:32
12:32

Големата количина на хлор која била ставена во водоводната мрежа за питка вода, а беше потврдена и од резултатите од испитувањата на Инстутот за јавно здравје, била една од причините да се наруши здравјето на граѓаните.

„Водата од чешмите кај крајните корисници не покажала присуство на бактерии, но имала зголемено ниво на хлор над дозволените граници.Анализата откри дека водата е силно загадена оти има околу 48 пати повеќе колиформни бактерии од максимално дозволеното,  а хлор 2,2 пати над максимално дозволената вредност од 0,5 мг/л, односно 3,7 до 5,5 пати над препорачаниот опсег од 0,2–0,3 мг/л утврден со важечкиот правилник“, се вели во Анализите од Институтот за јавно здравје кои покажаа присуство на колиформни и фекални бактерии во водата земена од каналот и од преливната станица, а високи количини на хлор кај крајните корисници.

Дека тестирањето на пумпите изведено на 25 јуни, барем како што тврдеше сега уапсената директорка на Комуналец, Артана Асани, направило поголема штета и истата тимот на претпријатието сакал да исправи, покажува и една од јавните набавки на ЈП Комуналец објавена на Бирото за јавни набавки на 15 јули.

Само еден ден пред Обвинителството да побара примероци од водата, јавното претпријатие Комуналец од Гостивар објавило огласи за две итни активности – набавка на хлор и вонредна анализа на водата.

Документите објавени од Бирото за јавни набавки покажуваат дека на 15 јули, гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ објавило оглас за јавна набавка на гасен хлор. Тоа е хлор во гасовита состојба што се користи најчесто за дезинфекција на водата – за уништување на бактерии, вируси и други микроорганизми во состемите за водоснабдување. Според огласот којшто е сеуште активен, се бара набавка на 3,6 тони хлор.

Поранешна вработена во областа на јавното здравје од Гостивар, која сакаше да остане анонимна, за „Фокус“ рече дека, наводно, ова не било првпат да се прави „инженеринг“ со водата во текот на летниот период.

„Секогаш се обидувале да ја надоместат разликата во притисокот на вода во летните месеци. Но, притисокот не бил толку низок и кога бајпасирале вода од канализациската мрежа, загадувањето било помало и доволен бил хлорот за да се прочисти колку толку. Сега притисокот на водата беше пренизок и со самото тоа количините на нечиста вода што влегувале водоводната мрежа биле поголеми. Кога виделе дека е направена голема штета, се обиделе со поголеми количини на хлор да го ублажат загадувањето, но тоа само направило уште поголем проблем“, вели гостиварчанката за „Фокус“.

Орце Костов

Слични вести