132
Откако голем пожар попладнево избувна во магацински простории на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, во дел од населбата се исклучени и струјата и водоснабдувањето.
Густ црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје, а на местото интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.