78
Припадници на српската полиција со возило-пресретнувач, на автопатот кај Пирот запреа 40-годишен државјанин на Ирак кој се движеше со брзина од 248 километар на час, соопшти српското Министерството за внатрешни работи (МВР).
Ограничувањето на брзината на таа делница изнесува 130 километри на час.
Возачот е исклучен од сообраќај, а против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилничко возење во скратена постапка.
Од МВР потсетуваат дека брзината е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи со најтешки последици.