(Видео) Инцидент во Нови Сад: Од партиските простории на СНС, кон граѓаните беше пукано со пиротехнички средства

by irena 21:51
21:51

Протестната поворка на граѓаните на Нови Сад пристигна пред просториите на СНС на улицата Стражиловска, каде што претходно се собраа поддржувачи на СНС и почнаа да фрлаат пиротехнички средства кон граѓаните.

Прозорците на партиските простории беа скршени, а полицијата пристигна подоцна.

Припадници на полицијата се распоредија пред влезот на СНС и ги туркаа граѓаните подалеку од просториите.

Собраните граѓани скандираа „Готов је“ и „Надвор“, повикувајќи ги членовите на СНС да ги напуштат партиските простории.

Според 021.rs, беше фрлен и солзавец.

По инцидентите, ситуацијата се смири, а граѓаните продолжија со прошетката кон Булеварот на ослободувањето, каде што се наоѓа главната канцеларија на СНС во овој град.

Слични вести