(Видео-интервју) Умејр Мухамеди: Како општество потфрливме бидејќи изборите во Брвеница се сведоа на етничка битка

by jadranka 17:47
17:47

За граѓанскиот активист и аналитичар Умејр Мухамеди не се изненадување постигнатите изборни резултати во првиот круг од вонредните локални избори во општина Брвеница. Во видео разговор за „Фокус“ тој оценува дека партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ имаат пад на поддршката, а тоа е поради фактот дека, во овие речиси 2,5 години владеење тие како власт, според него, не направиле ништо и со тоа ги разочарале своите поддржувачи.

„Ако анализираме низ призма на политичките партии, таму најголем добитник е ДУИ од сите постоечки. Но, ако направиме поинаква анализа, тогаш ние губиме како општество поради фактот што тие избори од политичка борба, се сведоа на етничка битка. Со други зборови, партиите од албанскиот блок веднаш дадоа поддршка на кандидатот – Албанец, а истото се очекува да го направат и партиите од македонскиот блок. И, тоа е големо разочарување, бидејќи ние со години не можеме да се извлечеме од етничкиот момент“, анализира Мухамеди.

За него не е неочекуван резултатот што го постигна ДУИ, затоа што, вели, тие се организирана политичка сила, а од друга страна нивниот главен опонент ВЛЕН не покажа ништо посебно, за да ја заслужи довербата повеќе од нив. Затоа, граѓаните се погласно бараат да се промени системот во државата, и се повеќе ги има тие што веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од една, односно ДУИ и ВЛЕН од друга страна, се едно – исто, потенцира Мухамеди.

Подготвиле: 

З.Фиданоски – Т. Георгиев – О.Костов 

Слични вести