(Видео – интервју) Благојче Атанасоски: Политичка логика нема, но предвремени избори може да има

by jadranka 12:56
12:56

Политичка логика нема, ама предвремени избори веројатно може да има. И, доколку се случат, поверојатно e да се одржат напролет догодина, отколку до крајот на оваa, вели во видео интервјуто за „Фокус“, политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски. Откако премиерот Христијан Мицкоски втор пат годинава ја спомена можноста дека тие, како власт, се во секое време подготвени за изборен натпревар.

Според него, нема поголеми драматични поместувања на македонската полтичка сцена кои би биле еден вид „тригер“ да предизвикаат изборно соочување набргу.  Или, пак, се случува некоја длабока политичка и општествена криза поради која со право би се поставила прашањето за реалниот легитимитет на власта.

Во интервјуто Атанасоски зборува и за тоа чиј интерес е поголем да има предвремени избори – оној на власта или тој на опозицијата и што би се променило на политичката мапа на Македонија по нивното одржување.

Подготвиле: 

Зоран Фиданоски  и Орце Костов 

 

 

Слични вести