(ВИДЕО) Хрватска тенисерка годинава пропатува 92.929 километри

by irena 22:47
22:47

Хрватската тенисерка Антонија Ружиќ (22) влезе во Топ 100 оваа година (моментно е 73-та светска тенисерка) и почна да ги жнее плодовите од својот труд.

Таа на Инстаграм сподели анимирана мапа за патување во 2025 година, која покажува вкупно 92.629 километри поминати претежно по воздушен пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tonka (@antonia.ruzic)

Овој број веројатно ќе расте понатаму со подобри рангирања и поголеми турнири.

Само првите 100 играчи на рангирањето можат да заработат пристојно од тенисот, додека останатите се балансираат помеѓу соништата, долговите и спонзорите.

Секој турнир носи нови летови, сместување и притисок, а повредата или раното исклучување може да ги уништи месеците работа.

Според официјалната веб-страница на ВТА, таа има 206 победи и 98 порази.

Заработила околу половина милион евра од наградните фондови.

Слични вести