(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието

by irena 21:46
21:46

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава на заложник на туѓи интереси, потенцираше Филипче.

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече тој.

Притоа, Филипче потсети дека Мицкоски со новите задолжувања направи вистинско предавство на интересите на државата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче посочи дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.

Слични вести