(ВИДЕО) Фекалии од канализацискиот испуст под Владата го пожолтеа Вардар

by irena 19:09
19:09

Уништено корито, загадена вода, брани од градежни материјали среде тек, наместо кеј – брегови од депонија. Ова е сликата за нашата најголема река Вардар, за нашиот симбол опеан во стотици народни песни, слика која се пресликува речиси во секој град низ кој минува нејзиното корито.

Ништо подобра не е состојбата на Вардар во центарот на Скопје: валкан, токсичен и претворен во голема канализациска цевка во која завршуваат фекалиите од градот, индустриските отпадни води, како и отпадот од крајно несовесни граѓани.

Жителите кои ги хранат секојдневно патките во Вардар се сеќаваат на времињата кога Вардар беше преполн со рибари.

А, денес истите граѓани беа сведоци на излевање на жолтеникава течност од еден од канализациските испусти од десната страна на Вардар. Над испустот се наоѓа точно објектот на Владата, а од спротивната страна е Јавното претпријатие Водовод и Канализација Скопје кое е задолжено да се грижи и за канализациската мрежа во главниот град.
Оваа жолтеникава течност уште толку ја замати водата која овој период има прилично ниско ниво поради недостигот на дождови.

За жал, Вардар е бистар само кај својот извор Вруток над Гостивар, а веќе на следната точка на која се вршат мерења кај гостиварско Форино водата е високо загадена, односно спаѓа во води од четврта класа. Во Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија реката ја менува бојата во кафена и не е потребен примерок за анализа за да се утврди дека и тие геадови придонесува во континуираното загадување на Вардар со фекалии.

О.К.

Слични вести