164
Двајца припадници на Црвениот Крст низ надојдената вода висока над еден метар, изнесуваат маж за време на евакуацијата на најпогодените делови од градот.
Досега се евакуирани околу 230 лица кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во моментов се обезбедуваат душеци, кревети, ќебиња, храна и топли оброци, вода за пиење и средства за одржување на лична и колективна хигиена.
Црвениот крст останува посветен на обезбедување хуманитарна помош и психосоцијална поддршка за сите погодени семејства, со апел за солидарност и поддршка од заедницата во овие тешки моменти.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се