(Видео) „Ер тракторите“ на ДЗС го гаснат пожарот кај Никуштак, пожарникари на терен

by irena 19:31
19:31

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На терен дејствуваат „ер тракторите“ на ДЗС, кои од воздух интервенираат врз зафатеното подрачје.

Во Никуштак се распоредени и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, кои од земја учествуваат во справувањето со огнот.

Видеоинсертите од терен ја прикажуваат интервенцијата на воздухопловите на ДЗС, како и екипите на ТППЕ Куманово кои се на позиција во Никуштак.

Слични вести