232
Снимка на која се гледаат три диви свињи како се движат низ населбата Водно е споделена на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
„Диви свињи шетаат во населба Водно, снимено денес околу 19:30 часот на улица ‘Питу Гули’, карши Тинекс“, напиша Гоце Бурзески, кој ги видел дивите животни.
На видеото се забележува како се движат по улицата, во близина на станбени објекти.
Засега нема информации за пријавена штета или интервенција од надлежните служби.