Џип се заби во градина на ресторан во населбата Колонаки во Атина доцна синоќа, а во несреќата се повредени 11 лица.
Еден од повредените е задржан на интензивна нега на набљудување, додека две жени се оперирани поради сериозни скршеници, објавија грчките медиуми.
Η στιγμή του τρομακτικού τροχαίου στο Κολωνάκι #tanea #taneagr #kolonaki #κολωνακι pic.twitter.com/96u3efOsvg
— TA NEA (@ta_nea) July 13, 2025
Според медиумските извештаи, возилото било паркирано на надолнина, а според првичните информации, 35-годишниот возач не ја активирал рачната сопирачка при паркирање.
Џипот почнал да се движи сам и ја предизвикал несреќата.
Очевидци рекоа дека слушнале силен тресок, кршење стакло и вресоци, а кога се приближиле до местото на несреќата, ги пронашле повредените на тротоарот, возилото се удрило во ѕид и маси расфрлани наоколу.
Сопственикот на возилото исто така бил приведен, но подоцна бил пуштен на слобода.