(Видео) Чад од Дрисла се уште го задушува Скопје

by irena 11:34
11:34

Пожарот на депонијата „Дрисла“ кој избувна пред два дена сè уште не е ставен под контрола. Наместо да згасне, густ чад продолжува да се шири низ Скопје, стигнувајќи до населбите Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Драчево.

Жителите на околните населби сведочат дека чадот навлегол во урбаните делови, оставајќи задушлива миризба и намалена видливост. Експертите предупредуваат дека горењето отпад на вакви депонии ослободува токсични гасови и ситни честички кои се особено опасни за децата, старите лица и хронично болните.

Само неколку часа по пожарот, мерните станици регистрираа драматично загадување. Според податоците на порталот IQAir, во 8 часот наутро во населбата Лисиче индексот на квалитетот на воздухот (AQI) достигна 110, што се смета за нездраво за чувствителни групи. Главен загадувач е PM2.5, чија концентрација изнесува 39,3 µg/m³ – повеќекратно над дозволените граници.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов рече дека чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно но во многу помал обем и не е причина за маглата.

„Во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење. Денес затрупувањето продолжува со засилено темпо бидејки вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка.

Дивата депонија Вардариште е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење“, соопшти Ангелов.

Слични вести