(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието

by irena 12:58
12:58

„ВМРО-ДПМНЕ го партизира секој сегмент од општеството, дури и онаму каде што најмалку треба да има политика- во образованието. Ова е опасен, свесен и систематски напад врз она што треба да биде темел на едно праведно и хумано општество. Денес повторно сме сведоци на нов скандал на Владата на ВМРО-ДПМНЕ со партиски вработувања – овој пат ударот е директен кон најранливите- ги одземаа образовните асистенти на учениците со попреченост“ рече денеска пред седиштето на МОН Розалија Ангелковска, член на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

Таа порача дека „минатогодишниот скандал со доцнењето во процесот на ангажирање на образовни асистенти оваа година го надградија со уште поголем скандал – постоечките асистенти ги заменија со нови партиски вработувања. Четири години образовните асистенти професионално работеа со учениците со попреченост во училиштата – но сега се заменети со лица чиј единствен „квалификатив“ е партиската припадност“.

„На последниот оглас тие ни ги добија потребниот број на поени кои се добиваат врз основа на досегашното работно искуство, за да добијат нов работен ангажман. Јавно ја прашуваме министерската Јаневска – дали имате малку свест и дали може мирно да спиете знаејќи дека учениците со попреченост на 1 септември нема да го имаат својот образовен асистент до себе – лицето на кое што му веруваат, лицето со кого го минуваат денот во среќа и лицето со кои напредуваат во образованието. Дали министерки знаете каква штета им нанесувате на овие деца и на нивните родители?“ праша Ангелковска.

И се обрати и на министерката за образование: „Вие, министеркe, заедно со вашата партија, наместо да ги решавате проблемите, вие создавате нови. Очгледно не ви е важен образовниот процес на овие деца. Важно ви е по секоја цена зголемувањето на вашата партиска војска. Ако навистина се грижевте за овие семејства, ќе носевте закони и политики што ги штитат. Но вие менувате правилници за да им ја отворите вратата на нови партиски вработувања. Пред само еден месец го сменивте Правилникот за норматив за образовни асистенти, опис на компетенции и работни задачи, и сега веќе не се вреднува работното искуство, знаењето, обуките на постоечките асистенти, туку се вреднува нешто друго, можеби партиските книшки“.

Слични вести