ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Последните пораки на бугарските официози и прават штета на историската кауза за пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Тие сведочат за надмен однос на „поголемиот брат“, кој сака да го казнува помалиот, а не да му даде шанса да се избори за евроатлантска иднина
КРВАВ ЧЕТВРТОК ИЛИ МОНТИ ПАЈТОН?
Од исказите на Чавков и на Вељаноски излегува дека на 27 април, кога цела нација стрепеше пред ТВ екраните, само тие двајца во Македонија биле „аут оф ордер“! Трајко пратил порака до шефот на обезбедувањето „на Душко да му бидат кажани мерките“, што го објасни како мерки на полици во село!
СОБРАНИСКИ НАСИЛСТВА
Во 2012 година во Собранието се разнишаа темелите на демократијата, а во 2017 година се урнаа. Професорот Давитковски открива дека доколку биле усвоени препораките од Црниот понеделник воопшто немало да дојде до Крвавиот четврток
КОЈ ЦАРУВА ВО БИЗНИСОТ СО БИЛБОРДИТЕ ВО СКОПЈЕ?
Откако Градот им додели концесии на четири фирми за поставување билборди, во бизнисот влезе „Полиестердеј“ на Ф. Спасовски, кој стана содружник во „Скрин Медиа“ и сопственик на „Акцент Медиа“. „Медиа С“, пак, го префрли концесиското право врз „Лид Комјуникејшнс“, порано дел од „Орка Холдинг“. Дел од „Орка“ беше и „ОК Идеа“, која годинава стана сопственик на концесионерот „Кала Плакат“, со ново име „ОК Медиа“
БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА НА КАМЧЕВ
Бизнисменот Орце Камчев пред две години, според економскиот магазин „Форбс“ беше прогласен за најбогат Македонец. Како за време на владеењето на Груевски, сегашниот притвореник во Шутка, ја градеше својата бизнис империја
ИЛИ ЌЕ ГИ ЗАУЗДАМЕ, ИЛИ ЌЕ НЀ ЈАВНАТ
Повеќе од јасно е дека колку што е Заев македонски националист, толку е и Мицкоски проруски настроен. Ич првиот и уште поич вториот. Па, од каде тогаш овие небулози што се шират и за едниот и за другиот? Небулози кои, ако ништо друго, создаваат лажни надежи кај обичните граѓани
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
ВМРО-ДПМНЕ може да стане носител на власта само преку учество во градењето на демократските институции. Ако, пак, заигра на картата на ултранационализмот, не само што нема да може да изведе преврат, туку ќе ја зајакне позицијата на СДСМ
Сашо ТАСЕВСКИ
Со години сме сведоци дека деца и штитеници на агенти на тајните екс ЈУ служби, по смртта на своите татковци или ментори, стануваа тајкуни или, пак, добиваа високи позиции во некоја власт или партија. Ќе ги познаете по тоа што се апологети на една власт, а штом таа падне, стануваат жестоки апологети на новата
Ана ПАНОВСКА
Каков живот нè чека со помирувањето и дали може да се помири огнот со мразот? Тешко! И да го снема ВМРО-ДПМНЕ од политичката мапа, тоа веќе си ја исполни својата историска мисија. Успеа да ги закрви обичните луѓе, да ги отруе до коска со длабока омраза кон сè што не е вмровско
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Процесот на помирувањето, кој треба да добие правен израз во Законот за амнестија, стана главната траекторија околу која се врти целокупната политика во Собранието. За очекување е дека околу него ќе се кршат многу интереси, но и политички уцени и трговија со принципи и моќ
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Приказната за прислушувањето во Јавното обвинителство, иако пласиранa од респектабилни извори, може да биде со краток здив. Сите работи што почнуваат со голем елан и самопрегор, набргу се покажуваат како гласини и стануваат издишан балон