1134

by fokus

ЗОШТО ЖЕРНОВСКИ БАРА НА „ФОКУС“ ДА МУ СУДАТ „СВАРОВСКИ“ СУДИИ?
Градоначалникот на Центар, бесен поради текст во „Фокус“ кој го испитува работењето на неговите служби за јавна набавка, се закани со тужба. Каков демократ! Да не му паѓа случајно на памет да ѝ се јави на фирмата блиска до Фамилијата која го добила тендерот во Центар, за да му лобира кај некоја судијка од тефтерчето на Гоца, да му пресуди на нашиот новинар, а?

ПРЕКУ СОФИЈА И АТИНА ДО БРИСЕЛ
Македонија реши кон НАТО и ЕУ, но и кон соседите да тргне „Ab ovo“. „Од јајцето“. Или, преносно, од почеток. Оти, претходните јајца откога се испокршија се покажаа неквалитетни, а последното расипано. Сматок. Дали „новото јајце“ ќе биде она вистинското?

СЈО ВО ЦАЈТНОТ
Најмногу обвиненија од СЈО ќе добијат поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, а во малку подобра ситуација од нив се Никола Груевски и Сашо Мијалков. В петок, 30 јуни, истекува законскиот рок во кој СЈО можеше да поднесува обвиненија. Што понатаму?

РУСКА ПАРТИЈА
Кругови блиски до ВМРО-ДПМНЕ стимулираат формирање нова политичка партија на антизападна основа, од членови на ГДОМ, движењето „За заедничка Македонија“, докажани русофили и анти-НАТО ориентирани интелектуалци, новинари итн. Партијата би ја финансирал руски бизнисмен во Македонија и таа треба да ѝ помогне на ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од радикалите

„ОБРАЗОВНИ“ ХОНОРАРИ ОД 2.000 ЕВРА!
Луѓето што биле ангажирани за проектот изградба на 145 спортски сали добивале хоорари во Министерството за образование од 1.000 до 2.000 евра месечно. Во последните три години во министерството се потрошени големи суми народни пари за репрезентација – за службени патувања, за луксузни ручеци, за тајни вечери, хотели со пет ѕвезди

БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ: БОГАТИТЕ КОНЕЧНО МОРА ДА ЈА ПЛАТАТ СМЕТКАТА
Владата и Министерството за финансии не се волшебници и не ги собираат парите на дрво. Некој мора да го плати ручекот, а новиот советник за буџетски фискални прашања во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, за „Фокус“ вели дека тоа најверојатно ќе бидат побогатите во општеството

НАЈЕФЕКТИВНАТА ПРОПАГАНДА
Влијанието врз јавното мислење на „куртонските“ медиуми беше толку мало, што нивното отсуство од првите борбени редови на пропагандната армија на ВМРО-ДПМНЕ нема ни да се почувствува. Ако на Фамилијата толку малку ѝ беа битни тие медиуми, прашањето е што ли има друго во план?

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
И предлагам на новата македонска влада да покрене иницијатива кај сите земји, чии синови се бореа и гинеа на Солунскиот фронт, идната 2018 година, кога се навршуваат 100 години од крајот на војната, да се организира вистинска комеморација со повеќе свечености на разни места, манифестација созреана за свест, за почит кон жртвите од која било страна

Ерол РИЗАОВ
Над библиската земја висат две големи и тешки хипотеки, чие активирање за наплата на долгот од примитивизмот, провинцијализмот, незнаењето, полтронството и сиромаштијата може да предизвика исчезнување на државата. Тоа е најголемата прва хипотека, која нѐ скара со сиот свет. Втората, не помала, е неправдата што им го загорчи животот на илјадници семејства

Ана ПАНОВСКА
Премиерот Заев ме изненади на прес-конференцијата со Хан, кога му дојде концентрирано да се сепне и да го лоцира „проблемот“ како проблем на Грција, што таа го има со нашето уставно име!? И покрај сите мои склоности да откријам што мака има Грција со нас, не можев да најдам речиси никакви проблеми вредни за споменување

Сашо ТАСЕВСКИ
Последната изјава на Заев дека во име на добрососедството со Бугарија, Македонија е подготвена да ги избрише од својата историја сите непријатни факти за бугарската држава практично беше барање за политичка интервенција во ревизијата на македонската историја