1119

by fokus

ПРЕТСЕДАТЕЛ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈ
Морам да му оддадам признание на Груевски што создаде совршенство од „заробена држава“. Алал вера, мајсторе! Апелирам Хорхе да му додели орден за „ваја направија“. Коце, пак, да посвети еден споменик грандиозен, паралелно со „Воинот на коњ“, а да го изваја Вале како „Пастирот со 450 илјади овци на коњ“. Уште еднаш, фала ти пастиру што помогна да разбереме, нѐ просветли, колку морони и шајшутки имало меѓу нас.

АЛИ ЈА БРАНИ „ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“
Ахмети решил да биде понтонски мост за спасување на криминалната банда од ДПМНЕ и тоа е задачата која самиот си ја нагрбил. Според пораките што деновиве ги испраќа, без оглед што има ниет да формира мнозинство со СДСМ, гласовите на ДУИ во Собранието ќе бидат последната одбранбена линија на пастирот

АСФАЛТНА МАФИЈА
Иако требаше да биде пуштен во употреба во мај годинава, изградбата на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип длабоко ќе го пробие зацртаниот рок, а ако се имаат предвид пресметките пред да се земе кинескиот кредит, тој ќе чини двојно повеќе. Но и тоа не е се. Постојат многу дополнителни трошоци што паѓаат на товар на македонскиот буџет, кои само досега изнесуваат над 20 милиони евра!

ОПАСЕН ОТПАД ОД ИТАЛИЈА
Кон крајот на 2016 година од Италија тргнале 1.300 контејнери со отпад, кој требало да се складира во скопската депонија „Дрисла“. На сред пат, во Албанија, отпадот исчезнува, откако Македонија забранува увоз на странски отпад. Управата на депонијата упорно негира дека отпадот требало да заврши кај нив, но документите во италијанските медиуми го докажуваат спротивното!

СИНОТ НА СТЕВЧО ПРЕВЕЗУВА НАФТА
Градоначалникот на Карпош е редовна мета за неговиот интерес во градежни фирми кои градат во општината. Сепак, ниту една од нив не се води на негово име. Но, во архивите на Централниот регистар има фирма, чиј сопственик е неговиот син Гоце. Компанијата превезува нафта а најголем профит остварила во 2013 година, кога Јакимовски му сврте грб на СДСМ

ДОБАР ЦАЈКАН, ЛОШ ЦАЈКАН
Народот по улиците е страшен, ама без гајле, Грујо ќе го држи под контрола, ако му се даде тоа што бара. Албанците со нивната платформа се страшни, ама и нив Грујо може да ги држи под контрола, ако му се даде тоа што бара. Па, што му останува на Заев тука? Да глуми и тој добар цајкан или лош?

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Ќе ви дадам една адреса, вечерва ќе се облечете убаво и ќе појдете таму, ќе поѕвоните и кога ќе ви отвори предавникот, ќе го плукнете и ќе викате силно, како не ти е срам да бидеш против својот народ, предавник, предавник…

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Слободата на Груевски и неговото бегство од одговорноста за сторениот криминал не можат да бидат и не се поважни од животот и опстанокот на Република Македонија. Токму затоа тоа треба да биде основната линија на одбраната на татковината од страна на сите оние кои секојдневно тврдат дека „За Македонија се работи“

Ана ПАНОВСКА
Лошо ќе испадне, и тоа многу лошо, ако ја оставиме Македонија само уште некој ден, без Собрание, без Влада, без институции, со претседател којшто си ја дувна од земјата. Обично лошо е за селаните кога селото останува без кучиња, може волци да ги растргнат!

Рамадан РАМАДАНИ
По ова што го прави ДПМНЕ, сега со последните шовинистички истапи и со последното исцедување делови од МПЦ, МАНУ и слични, таа не ги руши само последните мостови за соработка, туку и последните мостови кон нормалност