1052

by Фокус

БИДЕТЕ СПОКОЈНИ!
Успеавме да ја доведеме земјата на ниво на протекторат во кој едикојси политички аѓутант од Брисел ни вели „доста серете“. Па, што друго да им каже на тие што помалку се грижат за сопствената земја од туѓинци дојдени да ја спречат комплетната ерозија. Не дека толку ја сакаат Македонија, ами затоа што геостратешкиот моментум е неповолен за нови кројки на балканските граници.

7 ДЕНА
Да ви се пофалам со уште една, чичка новка, заедничка тужба за клевета од тројка од Правниот факултет: Александар Климовски, Гоце Наумовски и Тимчо Муцунски. Ме потресе делот дека „кај тужителите владее нарушена психичка состојба и до денот на поднесување на тужбата“! Како со нарушена психичка состојба отиде Муцунски за заменик-министер!? Како Климовски и Наумовски со нарушена психичка состојба држат предавања или испитуваат студенти?

ФАНТОМСКИ ЗГРАДИ И ГЛАСАЧИ
Повеќе адреси во неколку скопски општини кои се појавуваат на лажните лични карти или не постојат, или се на граѓани одамна иселени во странство. Ова само ги подгрева сомневањата дека вработени во МВР и партиски активисти од терен учествувале во криминалот со фалсификатите

АДМИНИСТРАТИВЕН ЏИН
Буџетот на Владата за 2006 година, кој го проектираше СДСМ пред да ја загуби власта, изнесувал нешто над 3 милиони евра. Кабинетот тогаш броел 225 вработени. Но, за следната 2016 година се предвидени дури 24 милиони евра во владата на Груевски за која работат 683 службеници

НЕПРИЈАТЕЛИ ИЛИ ЖРТВИ
Сител, Канал 5, Алфа, МТВ итн. треба да се ослободат, а не да се уништат, ниту, пак, недај Боже да се преземат. Колку и да е голема омразата кон тоа што го прават, нашата цел, на граѓаните кои сакаат слобода, демократија и правда е тие да се упристојат, елементарно да се професионализираат, да запрат да блујат оган

ЗДРАВСТВЕН ХАОС
60-годишна пациентка на која и била извршена успешна трансплантација на бубрег на скопската Клиника за урологија, според обвинувањата на нејзиниот сопруг, неочекувано починала затоа што лекарите штеделе на лекови

ВИН-ВИН ЗА ПРОПАГАНДАТА
Најпаметно е да се навикнеме на глупостите што ги прави Груевски, оти тој веќе прави и нови и поголеми. Тие, пак, исто како и досегашните, нема да бидат решени со нова згрозеност и свежа шокираност, туку само со ладнокрвен и прагматичен пристап

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Иако мојот роденден речиси 45 години во Југославија го славеа граѓаните на сите републики, јас не предлагам 29 ноември да биде „дводневен“ празник на кој нема да се работи, но мислам дека е потребно тој ден подобро да го зачуваме во нашето национално историско памтење

Ана ПАНОВСКА
Дрпањето на она што остана од материјалното богатство на Македонија некако и ќе го совладаме. Но како ќе се справиме со лажната успешност и со квазипатриотизмот, за кои ВМРО отсекогаш имаше вродена дарба и подмолна вештина да му ја продаде на македонскиот народ како митска легенда

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Користењето информатори од криминални средини со компензирање ситни услуги не е спорно. Проблемите почнуваат кога се преминува црвената линија и точка на топење на непринципиелната коалиција од заеднички интерес и почнуваат да се прават гнили компромиси и да се договараат матни зделки

Рамадан РАМАДАНИ
Ризикот на опозицијата се состои во тоа дека со овие потези, на минимум ја свела својата коалициска подготвеност и регрутирачка моќ. Т.е. ако по некое чудо ДПМНЕ успее да се дегруевизира или граѓанизира одвојувајќи се од државата, може пак да тепа на избори