1010

by Фокус

И ЧЕНТО БЕШЕ ОСУДЕН ЗА ШПИОНАЖА СО ГРЦИЈА!
Да ги потсетам соработниците на нашиот Берија дека Методија Андонов-Ченто бил суден за шпионажа, демек сакал да бега за Грција. И имало сведоци од калибарот на денешните „загрозени“, кои го згрозувале осудениот на 11 години затвор за шпионажа, Ченто.

АФЕРА „УШИТЕ НА БАТЕ“
Приведувањето на двајцата припадници на МВР во акцијата „Пуч“ отвори многу дилеми, зашто наводно двајцата признале соработка со странски служби. Дали МВР сака да ги искористи како соработници на обвинителството во случајот против Верушевски и Заев?

СЛУШАЊЕ БЕЗ УСУЛ
Аферата со драстично поголема димензија од „Големото уво“ ги отвори прашањата кој има најголем капацитет за прислушување во земјава, со каква опрема се врши тоа и кој има пристап до неа, како и најважното – постои ли систем на контрола од можни злоупотреби?

СТРАНСКА ЕКСПЕРТИЗА
Замислете, какво предавство ќе направи пастирот кон својот народ, името и идентитетот на Македонија, ако дозволи странци да проверуваат дали разговорите од „бомбата“ се автентични и дали се снимени во мрачното дувло на тајната служба што ја води братучедот!?

ПАРТИСКА СЕЛЕКЦИЈА
Малата Тамара во рок од три години трипати била одбиена од лекарските комисии за лекување во странство. „Фокус“ дознава дека пред неколку месеци, комисиите експресно одобриле слични барања на двајца блиски роднини на владини функционери. За жал, Тамара немала таков третман

„СВИРКАЧИ“ НА УЛИЦА
Случајот со работниците на „Раде Кончар – сервис и поправка на електрични производи ДОО“ е класичен пример како државата не ги заштитува пријавувачите на кривични дела (свиркачи). Работниците што пријавиле криминал на директорите, останале без работа

НЕПОДГОТВЕНИ ЗА ВИСТИНАТА
Се запнале пред народот да ги извадат фактите, па дури и кампањата им се вика „Вистината за Македонија“. Тие се убедени дека вистината е подготвена за Македонија. Ајде тоа да ги разбере човек некако. Ама што им дава надеж дека Македонија е подготвена за вистината?

 

Колумнисти

Стојан АНДОВ
Наспроти репресивните мерки од кралството Југославија, но и терористичките акти од четите на ВМРО, Македонците сѐ повеќе ја манифестираат својата свест дека не се ниту Бугари, ниту Срби, туку Македонци, парола која никогаш не била прифатена од ВМРО

Синоличка ТРПКОВА
Никогаш нема да бидеме исти по сево ова! Насилието на власта врз нас остави неизбришлива трага и траума. Како да се справиме со националниот срам од ова што пред нос ни се случуваше? Закрвени и поделени до нож! И без експлозија на бомба

Рамадан РАМАДАНИ
Најверојатно, по ова меѓу себе на телефон не се јавуваат, во очи не се гледаат, системот им е паднат. Тука некаде и може да го видиме почетокот на таа тенка линија меѓу држава и братучедија

Џелал ХОЏИЌ
Во каква банана-држава живееме ние? Следени се преку 20.000 граѓани во времето на груевизмот, во овие девет години! А, според некои информации од 1944-1991, за 47 години, во времето на комунизмот, се следени 14.573 лица!