186
МВР информира дека вчера попладне во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.