Вечерва активни се три пожари, а пет се под контрола

by valentina 21:54
21:54

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска до 21 часот евидентирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои: 3 се активни, 5 се под контрола и 17 се изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ (3)
Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Општина Ресен – с. Перово (трска)
Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Горњани и с. Блаце, кон магистрала (шумски пожар)

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (5)
Општина Долнени – с. Црнилиште (депонија)
Општина Долнени – с. Дебреште (депонија)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Велес – с. Џидимирци (ниска вегетација)
Општина Старо Нагоричане – с. Пелинце, м.в. Орваница (ниска вегетација)

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (17)
Општина Струга – с. Радолишта (ниска вегетација)
Општина Струга – с. Татеши (ниска вегетација)
Општина Виница – с. Ласки (ниска вегетација)
Општина Штип – градска депонија (депонија)
Општина Штип – Штип (депонија)
Општина Св. Николе – с. Ерџелија (стрниште)
Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)
Општина Крива Паланка – с. Градец (борова шума)
Општина Валандово – с. Собри и с. Чалакли (депонија)
Општина Гевгелија – с. Ѓавот (ниска вегетација и депонија)
Општина Јегуновце – с. Вратница (депонија)
Општина Тетово – с. Чепчиште (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Белица (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Рамне (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Слатина (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Слатина кај Слатински (нискостеблеста шума)
Општина Кичево – ул. Партизански (ѓубриште)

Слични вести