188
Од Центарот со управување со кризи информираат дека во текот на вчерашниот ден биле примени рекорден број повици на бројот 112.
-Овој извештај покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е најголем број евидентиран досега за еден ден.
Овие се повици каде што биле активирани институции за интервенција:
Полиција 286 повици, 40,23%
Итна мединицска помош 72 повици, 10,13%
Противпожарна 297 повици, 41,77%
ЦУК 54 повици, 7,59%
МСМ 2 повика, 0,28%, информираа од ЦУК.