Вардар минимално поразен кај Мелсунген во ракометната ЛШ

by irena 22:43
22:43

Ракометарите на Вардар со пораз ја отворија сезоната во Лигата на шампионите.

Мелсунген, вечерва, го победи Вардар со 33:31 (16:15).

Вчера во оваа група Нант забележа победа над Висла 26:25.

Вардар успеа да му пружи отпор на актуелниот освојувач на Европската лига, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Две серии во раната фаза од првото и второто полувреме беа клучни за конечниот исход.

По водството на Вардар 3:4, следуваше период од шест минути во кој црвено-црните не постигнаа гол, а Мелсунген направи серија 4:0.

До крајот на полувремето домашниот тим одржуваше предност од еден до два гола.

Во вториот дел пресудна беше серијата 4:1, кога Мелсунген ја достигна максималната разлика во натпреварот (24:19).

Вукашин Воркапиќ постигна 11, а Мохамед Саид Абделхак 10 гола за екипата на Вардар.

Во второто коло, Вардар ќе го пречека Нант. Натпреварот се игра на 16 септември.

Слични вести